Москва
Захарова: Лондон ги чува податоците за Скрипал
26.03.2018 12:55
Лондон ја обвинува Москва дека стои зад обидот за убиство на Сергеј и Јулија Скрипал на британска почва, на 4-ти март, со помош на нервен агенс.

Велика Британија како доверливи чува некои од податоците за соработката со организацијата за забрана на хемиско оружје, за да манипулира со информациите за случајот „Скрипал“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Лондон ја обвинува Москва дека стои зад обидот за убиство на Сергеј и Јулија Скрипал на британска почва, на 4-ти март, со помош на нервен агенс.
Русија категорично демантираше. Како реакција за случајот, амбасадорот на ЕУ во Русија бил повикан на консултации во Брисел.
Неколку земји од Унијата најавија дека ќе протераат руски дипломати.
