Почина музичарот Симеон Иванов- Канго
26.03.2018 13:28
Повеќе од 50 години се занимаваше со музика и уметност како поет- сликар, а беше основач и на културното движење „Мактеон“ кое ја промовираше македонската нација, култура и јазик.

По тешко боледување на 67- годишна возраст претпладнето во Кочани почина рокерот и гитарист Симеон Иванов - Канго.
Повеќе од 50 години се занимаваше со музика и уметност како поет- сликар, а беше основач и на културното движење „Мактеон“ кое ја промовираше македонската нација, култура и јазик.
Во својата долга музичка и поетска кариера Канго издаде седум музички албуми и четири стихозбирки.
