Белград
Итна седница на српскиот Совет за национална безбедност
26.03.2018 14:50
Медиумите шпекулират дека ќе се зборува за косовското прашање.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ за утре закажа итна седница на српскиот совет за национална безбедност. Медиумите шпекулират дека ќе се зборува за косовското прашање.
На средбата со австрискиот амбасадор Лутероти, Вучиќ потенцирал дека Србија го почитува бриселскиот договор, за разлика од Косово кое не прави ништо за заедницата на српски општини.
Шефот на српската дипломатија Дачиќ предупреди дека ќе му предложи на Вучиќ да го повлече потписот од Бриселскиот договор.
Косовските власти забранија влез на неколку претставници од официјален Белград. Српската Влада го забрани ракометниот натпреват меѓу Србија и Косово во Ковилово.
