„Ден со македонските водечки извршни директори“- проект на Советот на странски инвеститори
Обуките се дел од проектот на Советот на странски инвестиции при Стопанската комора под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов. Пријавувањето почнува денеска, ќе трае до 5-ти април. Може да аплицираат сите заинтересирани.

Десет студенти од додипломски, постипломски и докторски студии ќе имаат можност да поминат еден ден со пет извршни директори на водечки компании во земјава, да се запознаат со нивната работа и да стекнат искуство и знаење.
Обуките се дел од проектот на Советот на странски инвестиции при Стопанската комора под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов. Пријавувањето почнува денеска, ќе трае до 5-ти април. Може да аплицираат сите заинтересирани.
Формирана е работна група која што ќе ги разгледува пријавите и ќе одлучи кои од кандидатите ќе добијат оваа можност.
