Потребна е поголема транспарентност на Владата и институциите за нивното работење
Стоп за притисокот и замолчувањето на медиумите. Потребна е поголема транспарентност на Владата и институциите за нивното работење, дебата во организација на ЗНМ. Извршната власт работи на подобрување на регулативата за пристап до информации од јавен карактер, посочи министерот без ресор, Поповски...

Има подобрување, но медиумите сѐ уште се соочуваат со обиди за замолчување, смета претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Одделни фунционери на ДУИ, сѐ уште со закани и етикетирања настапуваат спрема барањата на новинарите особено од критичките медиуми на албански јазик, а тоа не е исклучок и во случаи на престсавници на СДСМ, кога од нив се побарани податоци или информации од интерес за граѓаните, тврди Селмани.
Изработивме алатка за отчетност, го укинавме владиното рекламирање, владиниот портпарол секоја среда известува за владините одлуки, се вратија јавните дебати во јавноста, се објавуваат јавно тендерите и склучените договори, посочи ресорниот министер Поповски. Тој додаде дека Владата ќе продолжи со заложбите, но укажа дека без квалитетен правосуден систем нема да има вистински реформи.
Секоја дебата за јавност и транспарентност е излишна сѐ додека за големи крупни проблеми и злоупотреби не сносат одговорност фукнционерите, вели новинарката Сашка Цветковска. Преку примерот на паралелниот увоз на лекови со кој со децении биле труени нашите граѓани, таа укажа колку е минорно да се зборува за корупцијата доколку нема соодветен одговор на опшеството.
На дебатата „Предизвици на владата и институциите во зголемување на транспарентнотста пред медиумите и граѓаните“ учествуваа и други преставници на маедиумската заедница.
Фиљана Кока
