Врховен суд: Мукоски, Василевски и Чавков во куќен притвор

26.03.2018 17:17

За четворица, се укинува определената мерка куќен притвор, која се заменува со мерки на претпазливост, односно обврска еднаш неделно да се јавуваат во суд. Тројца остануваат во куќен притвор.

Врховниот суд ги објави одлуките по жалбите на 13-мина осомничени за собраниските настани од 27-ми април. Пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, екс-министерот за внатрешни работи Митко Чавков и уште петмина други осомничени, од затворски заминуваат во куќен притвор. Петмина остануваат во притвор.

За четворица, се укинува определената мерка куќен притвор, која се заменува со мерки на претпазливост, односно обврска еднаш неделно да се јавуваат во суд. Тројца остануваат во куќен притвор.

Во меѓувреме, Обвинителството го пишува обвинението за 35-темина осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста.