МНР

Протеран руски дипломат од Македонија

26.03.2018 19:49

Министерството за надворешни работи во тесна консултација со нашите сојузници и партнери од ЕУ и НАТО и во солидарност со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, одлучи да протера еден дипломат на Руската Федерација во Република Македонија заради случајот Скрипал, се вели во соопштението на МНР.

Протеран е руски дипломат од земјава, соопштуваат од македонското МНР. Потегот е преземен согласно Член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.

Министерството за надворешни работи во тесна консултација со нашите сојузници и партнери од ЕУ и НАТО и во солидарност со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, одлучи да протера еден дипломат на Руската Федерација во Република Македонија заради случајот Скрипал, се вели во соопштението на МНР.

Додаваат дека користење воено хемиско оружје е спротивно со меѓународното право и тоа влијае на безбедноста на сите земји.

Ваква одлука имаат донесено и 14 земји- членки на Европската унија, а 60 наводни руски шпиони денеска беа протерани и од САД.

Британските власти ја поздравија одлуката на државите за протерување руски дипломати.