Протерани над 100 руски дипломати од 20 земји, Москва најави- ќе одговори соодветно
Русија против Западот, кој почна против Кремљ дипломатска офанзива. Протерани над стотина руски дипломати од 20-тина земји, само Вашингтон прогласи за „персона нон грата“ 60-тина диполматски претсавници на Руската Федерација. Ова е провокативен потег, ние ќе одговориме соодветно, порача руското Министерство за надворешни работи...

Случајот „Скрипал“ го предизвика најмасовното протерување на руските дипломати во историјата. САД и европските сојузници прогласија „персона нон грата“ над 100 претставници на Кремљ во своите земји како кооридниран одговор на случајот „Скрипал“. Над 20 земји ги поддржаа Обединетото Кралство и одлуката за прекин на соработката со стотина дипломати на Москва. Официјален Лондон, а и Брисел, и натаму тврдат дека Кремљ стои зад труењето со нервен агенс.
„Режимот на престедателот Путин извршува агресија против нашите заеднички вредности и интереси на континентот и пошироко. Како суверена европска демократија, Обединетото Кралство ќе стои рамо до рамо со ЕУ и НАТО за да се справи со заканите“, изјави премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј.
Москва негира вина и најави контрамерки. За министерството за надворешни работи на Русија, последните случувања се само ново продолжение на патеката на конфронтација. Ова е провокативен гест на кој ќе одговориме соодветно, порачаа во Кремљ.
„Исклучително непријателски потег. Познато ми е дека мора да заминат веднаш десетина наши дипломати, односно до втори април. За оваа долука ќе се протестира многу“, изјави Василиј Небензја, руски амбсадаор во ООН.
Дел од земјите- членки, вклучувајќи ги Австрија, Грција и Португалија, потенцираа дека нема да протеруваат дипломати, но се согласуваат со Британија и го осудија труењето. На протерувањето се придружи и Австралија, која им се заблагодари на службата на 20 дипломати на Руската Федерација.
Москва и натаму останува на ставот за производство на нервниот агенс што ги затру односите меѓу Западот и Истокот во една од четири европски земји.
Маја Филдишев
