Засилена контрола на конзумните јајца пред Велигден

27.03.2018 10:28

Засилена контрола на конзумните јајца пред Велигден најавуваат инспекторите за храна. Проверката за безбедноста и квалитетот ќе се прави и на фарбите за велигденските јајца кои често имаат непроверен состав...

Засилени се инспекциските контроли за безбедноста и квалитетот на јајцата пред Велигденските празници. Се контролираата магацините и граничните премини, а аекоја недоследност во односна квалитетот на јајцата, граѓаните и компаниите можат да го пријават во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Одгледувачите на живина, пак, побарале инспекторите при контрола на увозот, особено да обрнат внимание дали јајцата го имаат кодот на државата од каде што потекнуваат, за да се спречи можноста од манипулации, на домашниот пазар да се пласираат јајца од увоз како производ од македонско потекло.

Во 2018-та година се увезени вкупно 240.000 јајца од Србија, од кои како небезбедни, поради не соодветно означување на рокот на употреба се уништени 16.000.

Освен јајцата, се контролира и увозот на бои за јајца. Досега не се евидентирани отстапувања во однос на безбедноста на увезените прехранбени бои, но Агенцијата за храна препорачува граѓаните да купуваат боја исклучиво од регистрирани производител и увозници, која е соодветно означена и декларирана.

 

Методија Трајков