Белград

Ѓуриќ депортиран во Србија, Српска листа излегува од Владата

27.03.2018 10:30

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини ја осуди ескалацијата по вчерашното апсење на Ѓуриќ и акцијата на косовските безбедносни служби и ги повика властите на Косово и на Србија на дијалог и воздржаност.

Директорот на српската владина канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ беше депортиран во Србија, каде што во Куршумлија му била укажана лекарска помош.

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини ја осуди ескалацијата по вчерашното апсење на Ѓуриќ и акцијата на косовските безбедносни служби и ги повика властите на Косово и на Србија на дијалог и воздржаност.

Српскиот претседател Вучиќ оцени дека Приштина дејствувала брутално и незаконски, со поддршка на одделни земји, а косовскиот претседател Тачи тврди дека операцијата била во согласност со законите.

По настаните во Митровица, преставниците на Српската листа во Приштина усвоија иницијатива за напуштање на косовската влада.