Австриската министерка за надворешни работи, Кнајсл во Македонија

27.03.2018 10:35

Австрија од први јули го презема претседавањето со Европската унија, кога Македонија очекува Брисел да прецизира датум за отворање на поглавјата за членство во Унијата.

Во Македонија почнува мини турнејата на австриската шефица на дипломатијата Карин Кнајсл, која претпладнево има средба со министерот за надворешни Никола Димитров, а се очекуваат и состаноци со државниот врв.

На средбата ќе се разговара за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, економските потенцијали за соработка и нивното натамошно продлабочување, соопшти МНР.

Австрија од први јули го презема претседавањето со Европската унија, кога Македонија очекува Брисел да прецизира датум за отворање на поглавјата за членство во Унијата.

По Скопје, Кнајсел продолжува со средби и во Приштина и во Белград.