Економски теми во фокус на 61-та владина седница

27.03.2018 10:55

На оваа седница ќе биде предложена и информацијата во однос на изградбата на Магистрален гасовод Делница 5 Скопје - Тетово - Гостивар, а на предлог на Министерството за економија, ќе биде разгледан и Предлог-законот за енергетика.

Владата денеска треба да ја одржи 61-та седница на чиј дневен ред, меѓу другото, се Информацијата за предлог договор за доделување државна помош на Друштвото за производство и трговија „Костал Македонија“, ДООЕЛ Охрид, на предлог на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, како и информацијата за барање за добивање согласност за основање на туристичка развојна зона локалитет „Езеро Треска“, доставена од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

На оваа седница ќе биде предложена и информацијата во однос на изградбата на Магистрален гасовод Делница 5 Скопје - Тетово - Гостивар, а на предлог на Министерството за економија, ќе биде разгледан и Предлог-законот за енергетика.

Владата треба да ја разгледа и информацијата за формирање на Национално координативно тело за следење на состојбите со недискриминација и реализацијата на законите, подзаконските акти и стратешки документи во оваа област, како и информацијата за текот и прогресот на активностите за реализација на проектот „Евтини летови за македонските граѓани“.