ЕУ- Турција

Туск: ЕУ е загрижена поради акциите на Турција

27.03.2018 11:11

По самитот ЕУ- Турција во Варна, Туск изјави дека односите минуваат низ тешки времиња, но соработката е позитивна.

Европската унија е загрижена поради начинот на кој турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го почитува владеењето на правото во Турција и поради неговите потези во Сирија и Источен Медитеран, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

По самитот ЕУ- Турција во Варна, Туск изјави дека односите минуваат низ тешки времиња, но соработката е позитивна.

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган изрази надеж дека тешкиот период во односите меѓу Турција и Европската унија е оставен во минатото.