Братислава

Словачки обвинител тврди дека убиството на Куциак веројатно било нарачано

27.03.2018 11:26

За убиството до сега никој не е обвинет, а полицијата и обвинителството продолжуваат да молчат за истрагата во чии рамки досега се испрашани 200 луѓе.

Според анонимен словачки обвинител, убиството на словачкиот истражувачки новинар Јан Куциак и неговата девојка веројатно било нарачано. Доказ за тоа бил недостигот од знаци на борба или кражба на одредени предмети, што, според него, покажува дека било испланирано.

За убиството до сега никој не е обвинет, а полицијата и обвинителството продолжуваат да молчат за истрагата во чии рамки досега се испрашани 200 луѓе.

Куциак следел словачки бизнисмен чие име е споменато во „Панамските документи“ и можна поврзаност на италијанската мафија со разни активности во Словачка.