Повторно одложено судењето за случајот „Таргет- Тврдина“

27.03.2018 12:12

Одбраната информираше дека тие ја чекаат одлуката од грчкиот Врховен суд, кој треба да реши дали ќе ја потврди одлуката на понискиот грчки суд и да одобри екстрадиција на двајцата обвинети.

Во скопскиот Кривичен суд уште едно одложување на судскиот процес „Тврдина – Таргет“. Судот ќе ја чека екстрадицијата на Горан Грујовски и Никола Бошкоски кои се наоѓаат во притвор во соседна Грција.

Одбраната информираше дека тие ја чекаат одлуката од грчкиот Врховен суд, кој треба да реши дали ќе ја потврди одлуката на понискиот грчки суд и да одобри екстрадиција на двајцата обвинети.

Ново рочиште е закажано за 15-ти мај. Тогаш ќе се одлучи и дали на двајцата, ако не се екстрадираат, ќе им се суди во отсуство.

Случајот „Тврдина- Таргет“ го отвори Специјалното јавно обвинителство за масовното прислушување. Обвинети се вкупно 12 лица. Случајот се однесува на уништување на два система за прислушување и следење на над 5.000 телефонски броеви.