Шеќерот предизвикува зависност како и опојните дроги

24.02.2014 14:51

Научните истражувања покажале дека шеќерот предизвикува зависност како од хероин и кокаин,сметаат научниците од САД( Neuroscience Behavioral Review).Хероинот е бела материја која се добива од морфумот, а шеќерот е бела кристална материја која се добива од генетски модифицирана шеќерна трска. Двете го менуваат хемискиот состав на мозокот и создаваат зависност.Се врзуваат за ендорфинските рецептори задолжени за произведување еуфоричност.

Научните истражувања покажале дека шеќерот предизвикува зависност како од хероин и кокаин,сметаат научниците од САД( Neuroscience Behavioral Review).Хероинот е бела материја која се добива од морфумот, а шеќерот е бела кристална материја која се добива од генетски модифицирана шеќерна трска. Двете го менуваат хемискиот состав на мозокот и создаваат зависност.Се врзуваат за ендорфинските рецептори задолжени за произведување еуфоричност. Предозирањето со хероин може да биде фатално, но и континуираното користиње на шеќерот предизвикува повеќе болести на крвните садови, дијабетес, канцер и разни воспаленија. Бета-ендорфинот се создава во рецепторите под дејство на шеќерот и затоа по чувството на среќа иеуфорија, кога има недостиг од шеќер, се јавува чувство на депресивност, безнадежност, изолација и мало самопочитување и затоа се јавува силна желба за благо.

Студиите на д-р Роберт Луис,ендокринолог од Калифорнија, потврдуваат дека консумирањето шеќер доведува до неврохемиски промени на допаминот во мозокот. Всушност,се имитираат реакциите како при консумирање хероин и кокаин. Овие допамински удари предизвикуваат промени во однесувањето, зависност од шеќерот,како и намалување на активноста на рецепторите кои предизвикуваат ситост. Така се предизвикува постојана потреба од шеќер.

Бидејќи е шеќерот насекаде околу нас, прашањето на научниците е кој има интерес да создава зависност од шеќери.

Употребата на рафинираниот шеќер стана дел од човештвото во последните стотина години. Порано се живеело без него, се внесувал само преку овошјето и други растенија. Компаниите што произведуваат слатки работи имаат огромна поддршка од владите на многу земји во светот. Зошто служи шеќерот, се прашуваат научниците, за да се засладиме и кога не треба или да и го отворат патот на фармацевтската индустрија кога ќе заболиме од многу болести.

Ако барате заеднички именител за ракот, дијабетесот, срцевите заболувања, замастениот црн дроб, високиот крвен притисок, остеопорозата, проблеми со забите, ослабен имунитет, намалените когнитивни функции, промените во однесувањето и многу други состојби и заболувања, тоа е белото зло- шеќерот . Затоа, научниците препорачуваат да размислиме за своите животни навики, да најдеме начин за внесување природен шеќер, на пример стевија. Кога ќе ве фати паника за слатко, земете овошје, свежо или суво, зашто има повеќе шеќер, но е здравои природно, а покрај него ќе внесете и многу минерали и витамини. Се што јадеме произведено во индустријата за храна содржи непотребно количество шеќери.

Соња Стојановска

(Користени извори на информации

Inturrisi, C; Schultz, M; Shin, S; Umans, JG; Angel, L; Simon, EJ (1983). "Evidence from opiate binding studies that heroin acts through its metabolites". Life Sciences 
Avena NM, Rada P, Hoebel BG. Evidence of sugar addiction: Behavioral and neurochemical effects of intermittent, excessive sugar intake. Neurosci Biobehav )