Регион

Во Косово тензично, но мирно

27.03.2018 12:46

Со барикади блокиран е магистралниот пат од Косовска Митровица кон Рашка во Србија, а на административниот премин Јариње се блокирани околу 50 камиони.

Состојбата во северниот дел на Косово е напната, но мирна. Со барикади блокиран е магистралниот пат од Косовска Митровица кон Рашка во Србија, а на административниот премин Јариње се блокирани околу 50 камиони.

Претставниците на Српската листа предводени од претседателот Горан Ракиќ изутрината пристигнаа во Белград, на консултации кај претседателот Александар Вучиќ со цел да се донесе конечна одлука за нивното натамошно учество во косовската Влада.

Доколку биде донесена одлука за напуштање на Владата, можни се и предвремени избори на Косово.

По средбата кај претседателот Вучиќ е предвидена и прес- конференција со Марко Ѓуриќ, директорот на владината канцеларија на Косово, кој синоќа беше приведен и депортиран од Косово.