ВМРО-ДПМНЕ: Судството е под стегите на власта
27.03.2018 13:06
Декларативните заложби на Заев за интеграција на државата во ЕУ и НАТО се замајување на јавноста и одвлекување внимание од хаосот со кој се соочува правосудството.

Судството е под стегите на власта и дозволува Заев да прави што ќе му текне, а политичките нарачки против противниците на Заев се извршуваат експресно, тврдат во ВМРО-ДПМНЕ.
Декларативните заложби на Заев за интеграција на државата во ЕУ и НАТО се замајување на јавноста и одвлекување внимание од хаосот со кој се соочува правосудството.
Од друга страна, патриоти се гонат за политички нарачано дело- тероризам, велат во ВМРО-ДПМНЕ.
