Продолжен притворот за Пучдемон
Државниот обвинител од германската покраина изјави дека судот официјално го потврдил идентитетот на Пучдемон и дека ги сослушал аргументите од неговиот адвокат, кој тврди дека во шпанското барање за екстрадиција постојат правни недоследности.

Судот во германскиот град Нојминстер го продолжи притворот на поранешниот каталонски претседател Карлес Пучдемон, додека не се одлучи по барањето од Шпанија за негово испорачување во земјата.
Државниот обвинител од германската покраина изјави дека судот официјално го потврдил идентитетот на Пучдемон и дека ги сослушал аргументите од неговиот адвокат, кој тврди дека во шпанското барање за екстрадиција постојат правни недоследности.
Пучдемон е уапсен во неделата, на околу седум километри од границата со Данска, по што беше сместен во притвор.
