Путин: Причина за пожарот е криминална негрижа
Претседавачот на Истражниот комитет на состанокот со кој претседаваше Путин изјави дека не работел противпожарниот апарат во трговскиот центар, и додаде дека еден од чуварите во трговскиот центар заборавил на време да го вклучи системот за гласовно предупредување.

Рускиот претседател Владимир Путин при посетата на Кемерово изјави дека криминалната негрижа е една од причините за пожарот во трговскиот центар во кој загинаа над 60 луѓе.
Претседавачот на Истражниот комитет на состанокот со кој претседаваше Путин изјави дека не работел противпожарниот апарат во трговскиот центар, и додаде дека еден од чуварите во трговскиот центар заборавил на време да го вклучи системот за гласовно предупредување.
Според извештаите, ДНК анализата на жртвите во пожарот би можела да потрае и до две недели.
