Јанукович падна поради бунт во војската

24.02.2014 14:53

Рускиот премиер Дмитри Медведев ја оспори законитоста на новата украинска влада, изјавувајќи дека дошла на власт поради „бунт во војската“.

Ова го отвора прашањето околу претходно издавање на наредба на Јанкукович за активирање на војската против демонстрантите во Киев, но дека воениот врв се спротивставил на одлуката на поранешниот претседател. Судбината и локацијата на Јанукович не е сеуште одредена, се смета дека  тој се крие некаде на полуостровот Крим на Црното Море, кадешто е стационирана и руската флота, според претходниот договор со украинската влада. Во меѓувреме, новиот министер за внатрешни ја потпиша потерницата по Јанукович поради криминал. На Крим, кој е автономен регион, со доминантно руско население, зачестија демонстрациите против привремената влада во Киев којашто ги закажа претседателските и парламентарните избори за 25-ти мај годинава.

Зоран Богатинов