Регион
Српска листа ја напушта косовската Влада
27.03.2018 14:23
Претседателот на партијата Горан Ракиќ, информираше дека одлуката била донесена по консултациите со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Српската листа излегува од косовската Влада, а 10-те општини со мнозинско српско население во Косово на 20-ти април ќе формираат Заедница на српски општини.
Претседателот на партијата Горан Ракиќ, информираше дека одлуката била донесена по консултациите со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Најави дека утре во Косовска Митровица ќе се одржи седница на сите 10 општини во Косово со мнозинско српско население, на која ќе се договораат за формирањето на Заедницата на српски општини.
