Иванов: Одлуката за протерување на рускиот дипломат е избрзана

27.03.2018 14:37

Според шефот на државава, Македонија како земја- кандидат за членство во Европската унија треба да ја следи политиката на ЕУ, но посочува дека одлуките за протерување на руски дипломати не претставуваат израз на усогласени ставови на сите земји- членки, туку се работи за индивидуални одлуки.

Претседателот Иванов смета дека одлуката за протерување на рускиот дипломат е избрзана. Според шефот на државава, Македонија како земја- кандидат за членство во Европската унија треба да ја следи политиката на ЕУ, но посочува дека одлуките за протерување на руски дипломати не претставуваат израз на усогласени ставови на сите земји- членки, туку се работи за индивидуални одлуки.

„Претседателот на Република Македонија повикува на воздржаност од избрзани чекори во надворешната политика, за да се спречи можното нанесување на штета во остварување на стратешките цели на Република Македонија“- соопштува претседателскиот кабинет.

Оттаму очекуваат Иванов и официјално да биде информиран за случајот.