Финансиски решенија за раст

Факторингот е речиси непознат за домашните компании

27.03.2018 15:08

Олеснителните механизми за плаќање не се искористени доволно. Малку фирми се запознати со инструментот „факторинг“ за наплата на побарувањата. Министерот за подобрување на деловната клима вели дека е важно малите и средни претпријатија да бидат поддржани на долг рок.

Домашните компании сѐ уште недоволно ги користат олеснителните механизми за плаќање. Мал е бројот на фирмите што се запознаени со инструментот факторинг за наплата на побарувањата. Познавачите велат дека ова е добар начин да се подобри ликвидноста, да се обезбеди свеж капитал и да се поддржат растот и развојот на фирмите.

Според министерот задолжен за подобрување на деловната клима, Зоран Шапуриќ, важно е малите и средните фирми да бидат поддржани на долг рок.

Во Европската унија, обемот на факторинг изнесува повеќе од 10 проценти од БДП, а во Словенија, како блиска земја од регионот, 3 насто од БДП или 1,2 милијарди евра.

Веќе се вршат обуки за македонските фирми. Факторинг засега користат банките и мал процент на фирми, а го нудат осигурителните друштва и МБПР.

 

Дијана Ценевска