Лавров: Ќе одговориме, нема да толерираме вакво однесување
Западот почна дипломатска офанзива против Кремљ. Протерани над стотина руски дипломати од 20-тина земји, само Вашингтон прогласи за „персона нон грата“ 60-тина диполматски претсавници на Руската Федерација. Ова е провокативен потег, ние ќе одговориме соодветно, порача руското Министерство за надворешни работи...

САД и европските сојузници прогласија персона нон грата над 100 претставници на Кремљ во своите земји како кооридниран одговор на случајот „Скрипал“. И Австралија се вклучи во групата од дваесетина земји кои ги поддржаа Обединетото Кралство и одлуката за прекин на соработката со стотина дипломати на Москва. Официјален Лондон, а и Брисел, и натаму тврдат дека Кремљ стои зад труењето со нервен агенс.
„Режимот на престедателот Путин извршува агресија против нашите заеднички вредности и интереси на континентот и пошироко. Како суверена европска демократија, Обединетото Кралство ќе стои рамо до рамо со ЕУ и НАТО за да се справи со заканите“, изјави премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј.
„Реакцијата следува по употребата на воено хемиско оружје од Русија во Обединетото Кралство, и таа беше преземена во координација со нашите сојузници и партнери на глобално ниво, вклучувајќи и дваесетина земји во ЕУ и НАТО. Подготвени сме за соработка, за подобрување на односите со Русија, но ова може да се случи исклучиво ако се промени односот на Кремљ“, рече Раџ Шах, заменик портпарол на Белата куќа.
Москва негира вина и најави контрамерки.
„Веќе кажав сѐ што имам. Има коментари и од Песков и од Министерството за надворешни. Секако дека ќе одговориме. Нема да толерираме вакво однесување“, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
„Задачата е да се демонизира Русија и сведочиме дел од долгорочната програма на неконтролирана русофобија. Тоа е прашање не само за Русија како држава, туку прашање на Русите и рускиот народ“, изјави Марија Захарова, портпарол на руското МНР.
„Исклучително непријателски потег. Познато ми е дека мора да заминат веднаш десетина наши дипломати, односно до втори април. За оваа одлука ќе се протестира многу“, нагласи Василиј Небензја, руски амбсадаор во ООН.
Дел од земјите-членки, вклучувајќи ги Австрија, Грција и Португалија, потенцираа дека нема да протеруваат дипломати, но се согласуваат со Британија и го осудија труењето. Москва и натаму останува на ставот за производство на нервниот агенс што ги затру односите меѓу Западот и Истокот во една од четири европски земји.
Маја Филдишев
