Регион

Могерини ќе ја смирува ситуацијата меѓу Србија и Косово

27.03.2018 16:30

Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини ќе ја смирува ситуацијата меѓу Србија и Косово. Српската листа излегува од косовската Влада и ќе формира своја Заедница на српски општини. Уверен сум дека ќе најдеме заеднички јазик, наместо да дејствуваме еднострано, рече Харадинај...

Раководството на Српската листа од Косово, по консултациите кај претседателот Александар Вучиќ во Белград реши да излезе од косовската влада.

На прес- конференцијата по средбата со Вучиќ, претседтелот на Српската листа, Горан Ракиќ изјави и дека преставниците на десетте српски општини на Косово, на 5 годишнината од Бриселскиот договор, на 20-ти април сами ќе ја формираат Заедницата на српски општини, што после толку години чекање од косовските власти преставува „изнуден чин“, кој ќе биде во согласност со Бриселскиот договор.

Тие воедно побараа и одговорност за „непотребното пречекорување на силата на полицијата“ со порка дека остануваат на Косово да се борат за своите права на демократски начин.

Пред новинарите се обрати и Марко Ѓуриќ, кој воедно е и главен српски преговарач во бриселскиот дијалог, кој вчерашните настани ги оцени како „обид за завземање на северно Косово од косовската полиција“. Според него- ваквиот брутален напад на полицијата бил подржан од одредени западни кругови и тој преставува „поткопување на дијалогот и на можното компромисно решение“. Ѓуриќ констатираше дека не знае дали ќе продолжи Бриселскиот дијалог со констатација дека „вчера албанците покажале што мислат за разговорите.“

Попладнево е највено доаѓањето во Белград на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, која со претседателот Вучиќ ќе разговара за иднината на бриселскиот дијалог.

Медимуите пренесуваат дека состојбата во северно Косово е напната, но мирна. Со барикади кај Рударе, блокиран е магистралниот пат од Митровица кон Рашка во Србија.

Косовските специјалните полицијски сили се повлекоа од северниот дел на Митровица, но сѐ уште се присатни во јужниот „албански“ дел од градот.

Во синоќешната акција на полицијата на „дијалогот за Косово“ во Митровица, кога беше приведен Ѓуриќ, повредени се 32 лица, од кои потешко се повредени 5 лица меќу кои е и косовскиот министер за земјоделие, Ненад Рикало. Меѓу повредените има и преставници на медиумите.

Се огласија и американскиот и рускиот амбасадор во Белград. Според Кајл Скот-„настаните во Косово се голем чекор наназад“, а Александар Чепурин изјави дека „Русија е огорчена од грубата провокација на Приштина.“

Инаку вчера, за време на инцидетите, според приштинските медиуми, беше постигнат договор меѓу косовските власти за формирање на ЗСО и на нејзин Статут.

 

Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ