Владата го раскина договорот со концесионерот на „Казандол“
Премиерот посочи дека здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина се пред приватниот интерес. Одлуката за раскинување на договорот ќе се објави во Службен весник.

Владата еднострано го раскина договорот за рудникот „Казандол“. Премиерот соопшти дека инвеститорот не ги исполнил обврските.
„Концесионерот не ја исполнил обврската од Договорот за концесија во рок од две години од денот на доделување на концесијата да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар. Македонија ако не го раскине договорот, може да биде тужена од други потенцијални концесионери. Се работи за суштинска повреда“- изјави премиерот Заев.
Премиерот посочи дека здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина се пред приватниот интерес. Одлуката за раскинување на договорот ќе се објави во Службен весник.
Компанијата веќе се закани дека ќе бара меѓународна арбитража.
