Заев: Одлуката за рускиот дипломат нема да ги наруши односите меѓу Македонија и Русија

27.03.2018 16:50

Постојат сериозни сомнежи, односно докази поткрепени со документација и согласно дипломатските процедури, Виенската конвенција е постапено како што налагаат законите во Република Македонија- рече премиерот Заев...

Премиерот Заев вели дека одлуката за протерувањето на рускиот дипломат нема да ги наруши дипломатските односи меѓу Македонија и Русија.

„Постојат сериозни сомнежи, односно докази поткрепени со документација и согласно дипломатските процедури, Виенската конвенција е постапено како што налагаат законите во Република Македонија. Секако претходно преку МНР го контактиравме и претседателот на Иванов. Тој има свој став, но ние ја заклучивме и таа постапка пред да ја донесеме самата одлука“, рече премиерот Заев.

Прашан дали постои опасност од нарушување на односите со Русија, тој рече дека не би требало тоа да се случи.

Официјалните ставови на високите личности од Руската Федерација се дека законите мора да се почитуваат и службите кои што работат насекаде, тоа сѐ пред се овластени, односно акредитирани дипломатски претставници, наши Руси овде и насекаде во светот мора да ги почитуваат Виенските конвенции, односно она што значи обврска што самите земји ја прифатиле, а секако и законите на матичните земји, изјави Заев.