Кина
Средба на Јонг-Ун и Џинпинг
28.03.2018 10:26
Јонг-ун изразил подготвеност да се откаже од нуклеарното оружје, но поставил предуслови, барајќи реципроцитет и добра волја од Вашингтон и Сеул, мир, стабилност и синхронизирани мерки.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун во Пекинг на средба со кинескиот колега Си Џинпинг. Ова е првата негова посета во странска земја откако стана претседател на Северна Кореја во 2011-та.
Јонг-ун изразил подготвеност да се откаже од нуклеарното оружје, но поставил предуслови, барајќи реципроцитет и добра волја од Вашингтон и Сеул, мир, стабилност и синхронизирани мерки.
Кина е главниот економски сојузник која има и советодавна улога за Јонг-ун пред средбите со јужнокорејскиот лидер Мун Џеј-ин во април и со челникот на Белата куќа Доналд Трамп.
