Повторно приведени дел од обвинетите за собраниските настани од 27-ми април

28.03.2018 10:32

Вчера пуштени, ноќеска уапсени. Петмина обвинети за собраниските настани вратени во Истражниот затвор Скопје. Од МВР велат дека постапиле по решението од судот. Заработија 30 –дневен притвор...

Доцна синоќа, по полноќ, петтемина обвинети за собраниските настани на 27-ми април лани, повторно се уапсени, откако вчера беа пуштени да се бранат од слобода, потврдија од МВР за МТВ.

Полицијата постапила по решение од скопскиот Кривичен суд. Судот делумно го уважи барањето на Јавното обвинителство. На приведените им е одреден по 30 дена притвор. Меѓу нив е и поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков.

Со обвинителниот акт, Обвинителството за организиран криминал и корупција, повторно побара продолжување на мерките притвор и куќен притвор за обвинетите.