ВМРО-ДПМНЕ: Тортурата и изживувањето на Заев и власта со притворените патриоти ги надмина сите граници
Од партијата прашуваат што се смени во однос на околностите поради кои беше преиначен притворот. По сведочењето во случајот „Поткуп“, Зоран Заев нема кредибилитет да биде премиер. Тоа мора да биде покриено со нови политички апсења и притвори без никаква основа, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тортурата и изживувањето на Зоран Заев и власта со притворените патриоти ги надмина сите граници. Партискиот суд и обвинителство на Заев решија повторно да ги приведуваат пред очите на нивните семејства, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата прашуваат што се смени во однос на околностите поради кои беше преиначен притворот. По сведочењето во случајот „Поткуп“, Зоран Заев нема кредибилитет да биде премиер. Тоа мора да биде покриено со нови политички апсења и притвори без никаква основа, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
Судот мора да најде сила и да се ослободи од стегите на власта и да суди во корист на правото. Сите граѓани мора да бидат еднакви пред законот, стои во соопштението од опозициската партија.
