Брисел

Европска комисија: Подготовки за создавање на „воен шенген“

28.03.2018 10:47

Предвидено е одредување на потребите на воениот транспорт и проверка на инфраструктурата поради можноста за конфликт на стариот континент.

Европската комисија планира создавање на таканаречен „воен шенген“ за да се олесни транспортот на војници и техника во Европската унија.

Предвидено е одредување на потребите на воениот транспорт и проверка на инфраструктурата поради можноста за конфликт на стариот континент.

Официјален Брисел ќе кофинансира десетина транснационални коридори, но одлуката за спроведување и употребата за воени цели ќе зависи од земјите-членки.