Го нема Леброн? Нема проблем!
Мајами игра и без надобриот кошаркар на денешницата, последната жртва на шампионот беше Чикаго.

Хит стигнаа до 7-та победа во 8 натпревари колку што во последните две сезони настапуваат без најдобриот стрелец на екипата и МВП на финалето, Леброн Џејмс.
Двејн Вејд ја презема лидерската улога со 23 поени, 10 скока и со 7 додавања, а Крис Бош се истакна со 20 поени, во триумфот 93:79.
Клиперс и Тандер одиграа плеј оф натпревар, тимот од ЛА на средбата со најмногу поени славеше со 117:125 на гостувањето кај конкурентот за висок пласман на Западот, на крајот на сезоната.
Бруклин ја продолжува мизеријата на Лејкерс,Хјустон се извлече кај Феникс, Портланд продолжува во победниччки ритам во супер сезоната со победа против Минесота.
Резултати:
Мајами – Чикаго 93:79
Оклахома –Клиперс 117:125
Лејкерс – Бруклин 102:108
Феникс – Хјустон 112:115
Кливленд – Вашингтон 93:86
Торонто – Орландо 105:90
Денвер – Сакраменто 95:109
Портланд – Минесота 108:97
