Харадинај не поднесува оставка
„Акцијата не беше насочена против косовските Срби или политичката заедница на Косово, освен оние што го прекршија законот. Тоа беше стандардна процедура“, изјави Харадинај.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај нема да поднесе оставка иако владејачката коалиција го губи мнозинството откако партијата Српската листа реши да излезе од владата по насилството врз српските државни претставници во Косовска Митровиџа и апсењето на директорот на канцеларијата на српската влада Марко Ѓуриќ.
„Акцијата не беше насочена против косовските Срби или политичката заедница на Косово, освен оние што го прекршија законот. Тоа беше стандардна процедура“, изјави Харадинај.
Одлуката на Српската листа за излегување од Владата може да резултира со нови вонредни парламентарни избори или замена на Србите со други малцински или опозициски партии.
