Бошњаковски: Опозицијата да ја преземе одговорноста за пакетот реформски закони
Работните парламентарни групи веќе разговараат за целиот пакет закони, како и за севкупното откочување на работата на Собранието на Република Македонија, вели владиниот портпарол

Владиниот гласноговорник Бошњаковски, повика на поголема одговорност на опозицијата за реформските закони.
„Работните парламентарни групи веќе разговараат за целиот пакет закони, како и за севкупното откочување на работата на Собранието на Република Македонија. Сметаме дека е време опозицијата да ја преземе одговорноста за пакетот реформски закони, бидејќи тоа е во интерес на Република Македонија“, изјави владиниот портпарол Бошњаковски.
Владата засега нема никаков одговор од Москва дали ќе воведе некакви мерки како одговор на одлуката да биде протеран руски дипломат, вели Бошњаковски.
Во моментов нема ништо ново, нашата одлука вчера ја објаснија министерот за надворешни работи Никола Димитров и премирот Зоран Заев и сметаме дека се запазени дипломатските процедури и согласно Виенската конвенција е постапено онака како што налагаат законите во Република Македонија, изјави Бошњаковски на денешната прес-конференција.
