Економскиот раст од 3,2 насто е остварлив

28.03.2018 13:10

Ние сметаме дека 3,2 проценти раст се остварливи во Македонија, ова не е став само на министерството, истата проекција ја имаат и ММФ и Светската банка- изјави министерот за финансии на форумот „Македонската економија меѓу визија и дилема“.

Економскиот раст од 3,2 насто е остварлив, тврди министерот за финансии Тевдовски.

„Да, ние сметаме дека 3,2 проценти раст се остварливи во Македонија, ова не е став само на министерството, истата проекција ја имаат и ММФ и Светската банка. 3,2 проценти е нешто што ќе значи дека македонската економија почнува да се движи, иако сметаме дека потенцијалниот раст на Македонија е секако над 4 проценти“, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски на форумот „Македонската економија меѓу визија и дилема“.

Политиката да ги тргне рацете од бизнисот, секој инвеститор да се чувствува сигурен, а државата да биде стабилна, нагласи вицепремиерот Анѓушев.

„Политиката да ги тргне рацете од бизнисот и да остави економските механизми да ги воспостават правилата, да владее правото за секој инвеститор да се чувствува сигурен, а државата да биде стабилна зашто капиталот е плашлив и сака да е заштитен“, нагласи Анѓушев.

За раст на мала економија како македонската е неопходно креирање извозно ориентирани компании и инвестирање во одржливи, инфраструктурни проекти- потенцира  заменик претседателот на Владата.