Москва
Рјабков: Ќе се проценува нивото на непријателство
28.03.2018 13:14
Акциите на западот, Русија ги нарече гест на провокација и најави одговор.

Рускиот заменик- министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека Москва ќе го процени нивото на непријателство од Вашингтон и од Лондон кон Русија пред да одговори на протерувањето руски дипломати, отфрлајќи ги обвинувањата за учество во нападот на шпионот Скрипал.
Акциите на западот, Русија ги нарече гест на провокација и најави одговор. Во меѓувреме Амбасадата на Руска Федерација во Лондон соопшти дека 160 држави чекаат докази дали Русија е одговорна за труењето на Скрипал.
