Бразил: Нападнат конвој на поранешниот претседател

28.03.2018 14:02

Да Силва е на турнеја низ Бразил за да добие поддршка за нов претседателски мандат во октомври годинава. Во меѓувреме, му се суди за корупција поради што најверојатно ќе оди во затвор.

Непознати напаѓачи пукале врз два автобуса од изборниот конвој на поранешниот бразилски претседател Да Силва, при што нема повредени лица. Според портпаролот на Силва, поранешниот претседател не бил во конвојот.

Да Силва е на турнеја низ Бразил за да добие поддршка за нов претседателски мандат во октомври годинава. Во меѓувреме, му се суди за корупција поради што најверојатно ќе оди во затвор.

За време на турнејата во неколку градови биле организирани протести.