Жбогар: Дискусиите за името се интензивираат, добро е што постои посветеност за изнаоѓање решение
Жбогар рече дека со нетрпение се очекуваат двета состанока оваа недела од кои едниот е под покровителство на Обединетите нации.

Постои посветеност во изнаоѓањето решение и дискусиите се интензивираат, изјави денеска евроамбасадорот Жбогар при посетата на Прилеп, одговарајќи на прашањето како ги оценува последните средби и разговори меѓу Македонија и Грција околу прашањето за името.
Жбогар рече дека со нетрпение се очекуваат двета состанока оваа недела од кои едниот е под покровителство на Обединетите нации.
„Добро е што дискусиите продолжуваат и дека се интензивираат. Гледаме дека од двете страни постои посветеност за изнаоѓање решение кое ќе биде прифатливо за двете страни. Ние со нетрпение ги очекуваме состаноците кои ќе бидат оваа недела. Како Европска унија одблиску го следиме ова прашање и, се разбира, процесот го поддржуваме од страна“, изјави Жбогар.
Што се однесува до најновата ситуација околу настаните во Собранието од 27-ми април, евроамбасадорот Жбогар рече дека не ги коментира судските процедури и остава судовите да си ја завршат работата.
