Метео: Сончево и потопло
28.03.2018 14:44
Минималната температура на повеќе места ќе се спушти под нулата, а максималната дневна ќе достигне до 21 степен.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време со мала облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура на повеќе места ќе се спушти под нулата, а максималната дневна ќе достигне до 21 степен.
Во петок се очекува сончево и уште потопло време од утрешното.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
