Утре во Виена, Димитров и Коѕијас на средба со Нимиц
Димитров и Коѕијас треба да ги претстават нацрт- спогодбите на двете земји, а потоа во рамките на резолуциите 817 и 845 на Обединетите нации, посредникот Нимиц треба да понуди сопствен документ за надминување на разликата...

Утре во главниот град на Aвстрија се одржува средбата на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција со посредникот на Обединетите нации за разликата на името, Метју Нимиц.
Димитров и Коѕијас треба да ги претстават нацрт- спогодбите на двете земји, а потоа во рамките на резолуциите 817 и 845 на Обединетите нации, посредникот треба да понуди сопствен документ за надминување на разликата.
При посетата на Македонија, грчкиот министер за надворешни Коѕијас побара уставни промени, тој и натаму останува на истиот став, додека министерот Димитров изјави дека е тешко на македонскиот народ да му се објасни слеано име кое не може да се преведе на англиски јазик.
