Една година до Брегзит
ЕУ и Велика Британија успешно ги договорија условите за излегување и 21-месечниот период на транзиција по официјалниот датум на напуштање на Унијата, 29-ти март 2019-та година.

Една година откако британската премиерка, тереза меј го иницираше членот 50 за почеток на формалниот процес, ЕУ и Велика Британија успешно ги договорија условите за излегување и 21-месечниот период на транзиција по официјалниот датум на напуштање на Унијата, 29-ти март 2019-та година.
Во 2016-та година, Меј изјави дека Велика Британија ќе биде целосно независна, суверена земја, изјава која подоцна ќе стане дел од т.н. британски „црвени линии“.
Во меѓувреме се поголем број граѓани на ЕУ ја напуштаат Британија, како последица на Брегзит, за што предупредија приврзаниците за останување во Унијата.
