ПРИШТИНА

Харадинај: Серизно ја сфаќам состојбата во Косово

29.03.2018 11:15

Осврнувајќи се на критиките на некои косовски медиуми дека не се огласил по настаните во понеделникот, Харадинај изјави дека решил да молчи, затоа што тој ден „зборувале многу други“.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека тоа што не реагирал во понеделникот по инцидентот со интервенцијата на полициските сили на собирот на Србите во Косовска Митровица, не значи дека е рамнодушен, туку дека сериозно ја сфаќа состојбата во Косово.

Осврнувајќи се на критиките на некои косовски медиуми дека не се огласил по настаните во понеделникот, Харадинај изјави дека решил да молчи, затоа што тој ден „зборувале многу други“.

Српска листа најави излегување од владата на 20 април, а косовскиот премиер возврати дека владата ќе функционира и без Србите.