Зголемени водостоите на реките

29.03.2018 11:19

Нивоата на Вардар кај Зајчев Рид, Треска кај Македонски Брод и Сатеска кај Ботун се двојно зголемени...

Двојно зголемени во однос на денешниот просек за март се нивоата на Вардар кај Зајчев Рид, Треска кај Македонски Брод и Сатеска кај Ботун.

Покачување има и кај останатите реки, но не толку драстично.

Нагорно отстапување бележат и Охридското, Преспанското и Дојранското езеро.