ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
Нови детали околу нападот на Сергеј Скрипал
29.03.2018 11:27
Најновото откритие во истрагата е значајно бидејќи полицијата за првпат дава каква било информација околу тоа каде бил отруен Скрипал кој сѐ уште се наоѓа во критична состојба.

Британската полиција соопшти дека верува оти поранешниот руски шпион Скрипал и неговата ќерка прв пат дошле во контакт со нервниот агенс на влезната врата од својот дом.
Најновото откритие во истрагата е значајно бидејќи полицијата за првпат дава каква било информација околу тоа каде бил отруен Скрипал кој сѐ уште се наоѓа во критична состојба.
Повеќе од 20 земји во знак на солидарност поради нападот решија да протераат руски дипломати. Москва негира секаква вмешаност.
