На 27-ми април средба на лидерите на двете Кореи
На средбата се очекува да се направи обид за надминување на тензиите околу ракетната и нуклеарната програма на Северна Кореја.

Високи официјални претставници на Северна и Јужна Кореја на преговорите во демилитаризираната зона Панмунџон се договорија средбата меѓу лидерите на двете земји Ким Џонг- Ун и Мун Џе- Ин да се одржи на 27-ми април.
На средбата се очекува да се направи обид за надминување на тензиите околу ракетната и нуклеарната програма на Северна Кореја.
Договорот доаѓа по ненадејната посета на севернокорејскиот лидер на Пекинг, каде се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, со цел координација и зајакнување на позициите на двете земји пред планираните средби со јужнокорејскиот претседател Мун и со претседателот на САД, Доналд Трамп.
