Мисајловски: СДСМ потврдува дека нивните претходници воделе одлични политики

29.03.2018 12:21

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на денешната прес-конференција нагласи дека скоро една година СДСМ ги манипулира граѓаните дека ќе почнат нови 600 километри автопати, а во реалноста не можат ни да го пуштат во употреба завршениот автопат Демир Капија- Смоквица.

Со набројувањето на инфраструктурните проекти коишто ги предложи ВМРО-ДПМНЕ, Владата на СДСМ потврдува дека нивните претходници воделе одлични политики, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Констатираат дека сегашното раководство ги закочило проектите, а градежништвото бележи пад од околу 20%.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на денешната прес-конференција нагласи дека скоро една година СДСМ ги манипулира граѓаните дека ќе почнат нови 600 километри автопати, а во реалноста не можат ни да го пуштат во употреба завршениот автопат Демир Капија-  Смоквица.

„Ако за една година не можат да пуштат завршен автопат можеме сите да замислиме што се случува со сите останати проекти во инфраструктурата. Наместо постојано да велат дека ЌЕ почнат со нови проекти, дека ЌЕ почнат со нови реформи, ЌЕ ги довршат проектите на ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе им препорачаме да почнат да работат бидејќи со празни зборови и со зборот ЌЕ ја однесоа Македонија и економијата во пропаст, а градежништвото во слободен пад“, нагласи Мисајловски.

Граѓаните немаат кратка меморија како што тоа можеби го мислат во СДСМ и граѓаните знаат кој, што и како направил за Република Македонија. Граѓаните се сведок дека оваа власт повеќе од 10 месеци нема направено еден метар нов пат, рече потпретседателот на опозициската партија.