Франција

Париз: Маж се обидел да прегзи група француски војници

29.03.2018 12:24

Во инцидентот нема повредени. Властите трагаат по напаѓачот чии мотиви засега се непознати.

Маж со автомобил се обидел да прегази група француски војници во близина на касарна во централна Франција, по што избегал.

Во инцидентот нема повредени. Властите трагаат по напаѓачот чии мотиви засега се непознати.

Инцидентот се случува по неодамнешниот напад што го изврши осомничен припадник на Исламска држава во Јужна Франција, при што загинаа четири лица.