Филипче: Од први април пониски цени на лековите
Според министерот Филипче, опфатени се сите групи на лекови од позитивната листа. Заштедата се проценува на повеќе од 2.300.000 евра. Со дел од овие пари, Филипче најавува проширување на позитивната листа на лекови.

Од први април се намалуваат цените на лековите. Од 40 до 50 отсто од лековите граѓаните ги плаќаат по пониска цена. Според министерот Филипче, опфатени се сите групи на лекови од позитивната листа. Заштедата се проценува на повеќе од 2.300.000 евра. Со дел од овие пари, Филипче најавува проширување на позитивната листа на лекови.
„Заштедата кај генеричките лекови на годишно ниво изнесува 993.000 евра, додека кај иновативните лекови изнесува 1.388.600 евра или вкупно 2.381.600 евра. За компарација во 2016 година вкупната заштеда кај оригинаторните и генеричките лекови изнесувала 1.126.000 евра, а во 2017 заштедата изнесувала 398.315 евра“, изјави министерот Филипче и додаде дека станува збор за најголема заштеда досега со која граѓаните ќе добијат поевтини лекови и можност за лекување со нови лекови и проширување на позитивната листа на лекови.
Нагласи дека истовремено со намалување на цените на лековите од болничката листа ќе се овозможи зголемување на квалитетот на здравствената заштита.
Министерството за здравство и во иднина ќе продолжи да ја наградува методологијата за цените на лековите како рационална мерка со цел реално следење на ценовната политика на лековите во интерес на граѓаните, додаде министерот Филипче.
