СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ остави пустош во инфраструктурата

29.03.2018 15:52

Велат дека оставиле пустош во инфраструктурата, а поради криминални интереси и пропусти при изведба на автопатите, државниот буџет бил оштетен за стотина милиони евра.

Социјалдемократите со контраобвинување кон ВМРО-ДПМНЕ. Велат дека оставиле пустош во инфраструктурата, а поради криминални интереси и пропусти при изведба на автопатите, државниот буџет бил оштетен за стотина милиони евра.

„Владата почна сериозен инвестициски циклус за подобрување на целокупната патна инфраструктура. За таа цел се обезбедени 270 милиони евра за изградба и реконструкција на 60 патни правци, со вкупна должина од околу 800 километри“- велат од СДСМ.